Италијанскиот шампион Наполи постигна договор за ангажман на нов напаѓач. „Партенопеите“ ќе се засилат со голгетерот на Удинезе, Лоренцо Лука. Раководството на клубот се реши за 24-годишниот италијански репрезентативец, откако преговорите со Ливерпул за Дарвин Нуњез пропаднаа.
Лука ќе пристигне на „Диего Армандо Марадона“ на позајмица вредна 9 милиони евра, а следното лето Наполи ќе биде обврзан да го откупи неговиот договор за дополнителни 26 милиони евра.
Лоренцо Лука минатата сезона постигна 14 гола на 36 натпревари за Удинезе. За репрезентацијата на Италија има одиграно пет натпревари. Во својата кариера настапувал и за Виченца, Пиза, Палермо и за Ајакс.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













