Connect with us

Наполи го сврте кругот и повторно преговара со Нагелсман

Во потрага по нов стратег, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, повторно го контактирал Џулијан Нагелсман. Оваа информација доаѓа само еден ден откако „Скај Италија“ објави дека Серџо Консеисао е фаворит да го замени Лучијано Спалети, кој заминува од функцијата.


Нагелсман е слободен, откако претходно оваа пролет доби отказ од Баерн Минхен.


Пред извесно време се водеа разговори меѓу Нагелсман и челниците на Наполи, но потоа беа консултирани уште неколку тренери како Луис Енрике, Винченцо Италијано, Тијаго Мота…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови