Connect with us

Наполи го освои Рим, Елмас имаше убава шанса да биде и стрелец (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Наполи успешно ја стартуваше 2026 година, откако оствари триумф (0-2) на гостувањето против Лацио во Рим. Елиф Елмас повторно беше стартер во тимот на Антонио Конте, ја погоди гредата, а во второто полувреме имаше и одлична шанса за погодок, но не ја зафати топката на вистински начин со удар со глава.

Спинацола го доведе Наполи во водство во 13.минута, а Рахмани ја удвои предноста во 32.минута.

Во финишот Лацио остана и со двајца фудбалери помалку откако Тијани Нослин и Адам Марушиќ добија црвени картони.

Наполи по овој триумф се наоѓа на втората позиција на табелата со 37 бода, еден помалку од лидерот Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови