Connect with us

Наполи го казни Лукаку со 150.000 евра и му дозволи пак да се врати во Белгија

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, добил парична казна од 150.000 евра од клубот, што е еднакво на 20% од неговата месечна бруто плата, тврди „Газета дело Спорт”.


Причината за наложената санкција е непослушноста на 32-годишниот играч, кој одлучил да се опоравува од повредата во својата татковина Белгија, и покрај тоа што кон крајот на минатиот месец добил инструкции од својот клуб да се врати во Наполи за преглед од медицинскиот штаб.


Лукаку се врати дури пред два дена, а вчера одржал средба со спортскиот директор Џовани Мана. На неа искусниот фудбалер дознал за својата казна и исто така добил одобрение да се врати назад во Антверпен уште две недели, за да го заврши лечењето на повредата. Тоа значи дека белгискиот репрезентативец ќе пропушти уште два меча на тимот, при што се надева дека ќе биде на располагање на Антонио Конте за последните три натпревари од сезоната.


Во меѓувреме, во италијанските медиуми сѐ погласно се зборува дека во Наполи одлучиле да се разделат со Лукаку по крајот на сезоната. Токму пред почетокот на оваа сезона тој доби тешка повреда на бутниот мускул, поради што има само 64 одиграни минути во седум натпревари, во кои постигна еден победнички гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови