Connect with us

Наполи гази се по ред, Лацио спаси бод во Торино (ВИДЕО)

Наполи има ’пет од пет’. Тимот на Лучијано Спалети одигра фантастичен натпревар на гости против Сампдорија, славеше со 0-4 и се врати на врвот на табелата во Серија А со максимални 15 бода. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби нешто повеќе од дваесет минути во завршницата на овој дуел.

Виктор Осимен во десеттата минута најави дека Наполи е дојде по триумф, а Фабијан Руиз зголеми на 0-2 во 39.минута. Во вториот дел, Осимен и Зиелински стрелаа уште двапати за убедлив триумф на гостите.

Лацио во последен момент се спаси од пораз против Торино играјќи 1-1. Марко Пјава во 76.минута донесе предност за Торино, а израмни Чиро Имобиле од пенал во 91.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови