На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во деветтото коло од Прва МФЛ шампионатот, денеска се игра дербито меѓу Вардар и Струга Трим Лум. Ова се двете екипи кои до овој момент најмногу покажаа во домашниот шампионат и не случајно се на самиот врв на табелата.
Овој дуел ќе покаже кој во моментов е по кадарен да биде лидер на табелата, и да ги постави нештата пред репрезентативната пауза.
„Да, според мене ова е одлична можност да победиме и да бидеме први на табелата на репрезентативната пауза која што следува по овој меч. Вардар тоа го посакува.
Нормално, респект за противникот, кој несомнено има квалитет и кој што впрочем и го покажа тоа во овие осум досегашни кола. Но, ќе повторам, нас трите бода ни се приоритет“, вели Филип Најдовски, па додава:
„Верувам и се надевам дека таа наша серија без пораз ќе трае иако покрај Струга имаме уште две дерби средби потоа по паузата. Сепак, на вакви мечеви се покажува квалитетот, кој пак ние несомнено го поседуваме. Не е лесно да се игра и да се бараат трите бода на секој меч, ете во Куманово не успеавме да победиме иако и таму со сите сили се обидувавме да го сториме тоа. Но, тоа е зад нас, имаме нов предизвик, а тоа е тимот на Струга. Играме на домашен терен, пред своите навивачи и мора да одиграме подобро од колку во Куманово против Башкими. Потоа како лидери да заминеме на пауза“, вели стоперот на Вардар, Филип Најдовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













