Еден од најдобрите фудбалери на домашната фудбалска сцена, Ѓорѓи Мојсов на извонреден начин пролетнава сезона го води Тиквеш низ постојаниот пат на победите. Мојсов дефинитивно е најзаслужниот и за победата на кавадарчани од 3-2 во дерби пресметката од 23. коло во Втората лига – Исток против Кит Го, поради што без размислување го понесува епитетот – најдобар играч на колото според изборот на МАКФУДБАЛ.
Мојсов триумфот над Кит Го го зачини со прекрасна асистенција за водство на Тиквеш и феноменален погодок, ретко виден на нашите фудбалски терени, за конечно запечатување на трите бода.
„Единствено што се обидувам на натпреварите е максимално да бидам во функција на тимот, затоа што успесите на Тиквеш ми се најважни. Ништо друго“ – вели капитенот на кавадарчани и дополнува:
„Од срце сакаме со позитивни игри и резултати да се оддолжиме на феноменалната публика која на секој натпревар е во огромен број со нас, создавајќи одлична атмосфера. Сето тоа ни носи мотив за да дојдеме и до првата позиција на табелата. Ќе биде тешко до крајот на шампионатот, но до крај ќе играме за да дојдеме до директен пласман во Првата лига. Важно е да продолжиме со атрактивниот стил на игра, а резултатите сами ќе дојдат“.
Тиквеш во следното коло, веќе на 4. мај, го чека нова дерби пресметка, на гостински терен против штипска Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













