Connect with us

НАЈДОБАР ИГРАЧ НА 21.КОЛО: ВИКТОР АНГЕЛОВ (ШКУПИ)

Офанзивецот на Шкупи, Виктор Ангелов е најдобриот играч на 21. коло во Првата македонска фудбалска лига според изборот на МАКФУДБАЛ.

Ангелов одигра одличен натпревар на гостувањето на чаирчани против Академија Пандев во Струмица, носејќи го главниот товар за големата победа на неговиот тим.

„Без разлика на мојот постигнат погодок, сепак тоа беше победа на целиот тим. Шкупи го краси тимската игра, шефот на стручниот штаб Умит Каран и преку тактичката поставеност го извлекува најдоброто од секој нас. Среќен сум што постигнав убав гол за заокружување на победа, но уште еднаш ќе нагласам дека тоа беше победа на целиот тим“ – вели Ангелов.

Во следното, 22. коло, од шампионатот на 10.март Шкупи на домашен терен го пречекува лидерот Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови