Иван Настевски е еден од најзабележителните поединци во составот на ФК Кит Го оваа пролет. Пехчевци, под водство на новиот стратег Добринко Илиевски – Пижон, запишаа две едноподруго победи изминативе кола а еден од креаторите на тие победи е токму Настевски кој и изминатово коло го одбележа со прекрасен погодок. Токму од таму и најдобар играч на колото за 20. коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Задоволство е секогаш едно вакво признание, но за мене секако најголемото задоволство е да се нижат победите со Кит Го. Одигравме добар натпревар против Детонит, заслужено победивме затоа што создадовме шанси и за поубедлив триумф. Атмосферата во екипата е навистина одлична, и тоа е најважно“ – вели „моторот“ во играта на Кит Го.
Околу идните очекувања до крајот на сезоната….
„Ние на секој натпревар и во иднина ќе одиме на победа, па којзнае можеби на крајот и да завршиме на првите две места иако воопшто не се оптоваруваме со тоа дека мора да завршиме на врвот. Во секој случај, мислам дека третиот круг ќе донесе интересни резултати и можеби промени во горниот дел од табелата. Сега фокусот е на дерби дуелот против Брегалница, тим кој има одличен состав кој заслужува комплетен респект“ – истакнува Настевски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













