Connect with us

Нагелсман го објави составот на Германците за СП: Нојер ќе биде прв голман, отпаднаа Адејеми, Фулкруг и Тер-Штеген

Џулијан Нагелсман го објави конечниот список од 26 фудбалери на кои ќе смета Фудбалска репрезентација на Германија за претстојното Светско првенство, а најголемо внимание привлече враќањето на искусниот голман Мануел Нојер.

Чуварот на мрежата на Баерн Минхен се повлече од националниот тим по Европското првенство во 2024 година, но сепак реши повторно да го облече дресот на Германија. Германските медиуми најавуваат дека 40-годишниот Нојер ќе биде прв избор на голот, додека резервни опции ќе бидат Оливер Бауман и Александер Нубел.

На списокот се најдоа и играчот од средниот ред на Мајнц 05, Надим Амири, како и 18-годишниот талент на Баерн, Ленарт Карл.

Од тимот отпаднаа неколку познати имиња, меѓу кои Карим Адејеми, Никлас Фулкруг, Марк-Андре тер Штеген, Јан Бисек и Роберт Андрих.

Германија настапот на Мундијалот ќе го отвори на 14 јуни против репрезентацијата на Курасао, а потоа ќе игра и против Брегот на Слоновата Коска на 20 јуни и против репрезентацијата на Еквадор на 25 јуни.

Состав на Германија:

Голмани: Мануел Нојер, Оливер Бауман, Александер Нубел

Одбрана: Валдемар Антон, Натаниел Браун, Џошуа Кимих, Давид Раум, Антонио Рудигер, Нико Шлотербек, Џонатан Тах, Малик Тијау

Среден ред: Леон Горецка, Џамал Мусијала, Александер Павловиќ, Феликс Нмеча, Анџело Штилер, Флоријан Вирц, Надим Амири, Паскал Грос

Напад: Каи Хаверц, Ленарт Карл, Џејми Левелинг, Дениз Ундав, Ник Волтемаде, Максимилијан Баер, Лирој Сане

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови