’Три од три’ посакуваат избраниците на Благоја Милевски. Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска (14.30 часот) на комплексот „Петар Милошевски“ во ФФМ го пречекува Казахстан и посакува да ја продолжи триумфалната серија. Претходно, беа совладани и Фарски Острови и Црна Гора.
„Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Сепак, и покрај некои наши грешки и недостатоци во играта за кои зборуваме и работиме со селекторот и стручниот штаб, успеавме да победиме и да го добиеме посакуваниот резултат. Натпреварот со Казахстан ќе биде сосема поразличен. Противникот е квалитетен, физички се силни, но сметам дека со правилен пристап можеме да дојдеме до нови три бода. Не се сомневам дека заеднички повторно ќе дадеме сѐ од себе и на крајот ќе се радуваме“, изјави Милан Ристовски.
Казахстан сепак не е толку наивна селекција. И тие имаат победи над Фарските Острови и над Црна Гора, иако потоа двапати загубија дома, од Шпанија (0-1) и од Израел (1-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













