Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година со денешниот натпревар против Фарските острови од 16 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ги стартува квалификациите за ЕП 2021.
Огромна е желбата кај македонските надеж со триумф да се стартуваат квалификациите низ кои активно ќе се бара пласман на собирот на најдобрите на Стариот континент. Селекторот Благоја Милевски нагласува дека не смее да има ниту најмало потценување на противникот, затоа што се работи за цврста селекција која негува скандинавски фудбал и може да биде многу опасна.
„Добро е познато дека во модерниот фудбал не постојат аутсајдери. Не смее да има ниту најмало потценување на Фарските острови, селекција која е навистина одлична група фудбалери во која има добар број интернационалци. Играат цврст, агресивен фудбал, поради што ќе мора да одиграме максимално ако сакаме триумф. Се разбира добро ќе се подготвиме за дуелот и размислуваме само на победа“ – вели Милевски, кој е задоволен од формата на интернационалците во македонската селекција.
„Иако имаме проблем со домашните фудбалери кои воопшто немаат соодветна минутажа во македонскиот шампионат, може да бидам задоволен од формата на интернационалците. Во секој случај, сигурен сум дека секој поединец на теренот ќе го даде максимумот за да дојдеме до посакуваните три бода против Фарските острови“.
Покрај Фарските острови, Македонија во Групата 6 е уште и со Шпанија, Израел, Казахстан и Црна Гора.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













