Младата репрезентација на Македонија со огромен мотив го очекува четвртиот натпревар од квалификациската Група 6 за пласман на ЕП 2021, против европскиот шампион Шпанија.
По проблемите со опремата на самото пристигнување во Шпанија, избраниците на Благоја Милевски се комплетно мотивирани за пресметката против големиот фаворит верувајќи дека може да дојдат до изненадување.
„Не очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме се за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“ – вели фудбалерот од средниот ред, Давор Здравковски.
Натпреварот меѓу младите репрезентации на Шпанија и Македонија се игра во Алкоркон со почеток од 19:45 часот.
На табелата во Групата 6, Шпанците се лидери во моментов со 9 бода од три натпревари, Македонија е на втората позиција со 7 бода, а Казахстан е на третото место со 7 бода од пет натпревари. Израел е четврта со 6 бода, но од само два натпревари пред Црна Гора која е со три бода од пет натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













