Connect with us

На Верати му преседна одморот на Ибица

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Верати, кој одморот го минува на Ибица во куќата на поранешниот бразилски напаѓач Роналдо, во понеделникот е ограбен, а вкупната вредност на штетата се проценува на околу три милиони евра.


Крадците однеле „значителна сума на накит и пари“, изјавија денеска за АФП извори блиски до случајот, без да дадат повеќе детали.

Шпанската полиција отвори истрага по пријавата во понеделник наутро.

Локалниот весник „Диарио де Ибица“ вредноста на кражбата ја проценува на околу три милиони евра, наведувајќи дека Марко Верати и луѓето кои го придружувале не биле во куќата во моментот на кражбата.

Овој нов грабеж на фудбалери се случи само неколку дена откако беше ограбен напаѓачот на Лајпциг, Дани Олмо.

Шпанскиот репрезентативец бил ограбен на улица во Валенсија од две лица кои му го украле часовникот, пишува шпанскиот печат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови