Connect with us

На легендарниот Кевин Киген му претстои животна битка со канцерот

Еден од највлијателните англиски фудбалери во историјата, двократниот освојувач на Златната топка и вистинска икона на клубовите Сканторп, Ливерпул, Хамбург, Саутемптон и Њукасл – Кевин Киган, се наоѓа во болница откако му беше дијагностициран канцер.

Легендарниот Англичанец, кој по завршувањето на блескавата играчка кариера остави силен печат и како менаџер на Њукасл, Фулам и Манчестер Сити, како и селектор на репрезентацијата на Англија, бил хоспитализиран поради здравствени проблеми поврзани со стомакот, соопштија од таборот на Њукасл.

„Кралу Кевин, цел клуб е со тебе. Ти посакуваме сила, храброст и брзо целосно закрепнување“, порачаа од Њукасл преку социјалната мрежа „X“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови