Connect with us

На „Камп Ноу“ стравуваат за повредата на Дембеле

Осман Дембеле, кој има многу одлична сезона, со повреда го напушти натпреварот на Барселона против Џирона и тоа ги исплаши навивачите на каталонскиот тим. Веќе во првото полувреме од пресметката во Ла Лига, напаѓачот побара замена откако сигнализираше дека го истегнал мускулот за време на спринтот.


Тренерот Чави Хернандез објасни дека Французинот треба да биде детално прегледан, по што ќе се знае и колку време ќе биде потребно за неговото опоравување.

На „Камп Ноу“ стравуваат дека Дембеле можеби нема да биде подготвен до 16 февруари кога Барса ќе го пречека Манчестер Јунајтед во првиот од двата натпревари во нокаут фазата во Лига Европа.

Реваншот е една недела подоцна.

„Загубивме еден од нашите најважни играчи. Ќе знаеме повеќе за повредата по деталните прегледи“, изјави Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови