Капитенот и најдобар стрелец на Аргентина, Лионел Меси, повторно тренира со своите соиграчи и го надминал физичкиот проблем што го мачеше во изминатите десетина дена. Ова го изјави селекторот на светските шампиони, Лионел Скалони, на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар против Хондурас.
Триесет и осумгодишниот Меси заработи истегнување на мускулот при победата на неговиот клуб Интер Мајами од 6-4 над Филаделфија Унион на крајот од минатиот месец. Поради тоа се појавија сомнежи дали осумкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе биде подготвен за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое започнува на 11 јуни.
„Лео е добро и веќе тренира со останатите момци. Повеќе не работи индивидуално“, изјави Скалони.
„Секој ден напредува и мислам дека би можел да настапи барем кратко на некој од претстојните контролни натпревари. Ќе видиме дали тоа ќе биде против Хондурас или против Исланд во вторник, но сигурно сме многу посмирени“, додаде селекторот кој ја одведе Аргентина до светската титула во Катар пред четири години.
За Меси претстојниот Мундијал ќе биде шести во кариерата. Аргентина ќе го започне настапот со натпревар против Алжир во раните утрински часови на 17 јуни. Во групната фаза „гаучосите“ ќе играат уште против Австрија и Јордан.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













