Фудбалерот на американскиот Сиетл Саундерс, Дени Мусовски, пристигна во Македонија, каде ја започна процедурата за добивање пасош и присоединување кон нашата фудбалска репрезентација.
Искусниот 30-годишен крилен напаѓач ги очекува потребните документи за да може да им се приклучи на македонските репрезентативци, кои во март ги очекува плеј-оф дуелот за Светското првенство против Данска.
Мусовски првпат за македонската јавност изјави дека е среќен што ќе настапува за Македонија, земјата од која влечат корени неговите родители.
„Моето семејство беше пресреќно и возбудено кога дозна дека ќе настапувам за Македонија. Оваа земја е дел од мојата историја и од моите корени, затоа сакам да бидам од корист и да ѝ помогнам на репрезентацијата колку што ќе можам.
Навистина е интересно што Светското првенство се игра во САД, Канада и Мексико, а ние имаме шанси да се пласираме на турнирот. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме. Играм во Америка подолго време, имав прилика да се соочам и со Лионел Меси, тој е вистинска ѕвезда каде и да се појави.
Се чувствувам пријатно во Македонија, сите се добродушни и гостоприлимиви. Се запознав со селекторот и со претседателот Омерагиќ. Сите се трудат да го направат мојот престој пријатен и убав“, изјави Мусовски.
Македонија добива ново засилување во името на Мусовски, кој настапува за Сиетл од 2024 година. Во овој дрес, досега одигра 63 натпревари и постигна 17 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













