Актуелниот тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, е на чекор од остварување на една од најголемите свои професионални цели – да застане на чело на националниот тим на Португалија. Според информациите на „ЕСПН“, 63-годишниот стратег е главен фаворит за оваа позиција, а поканата може да стане факт веќе следното лето.
Плановите на Португалската фудбалска федерација предвидуваат „Специјалниот“ да го преземе кормилото на „морепловците“ веднаш по завршувањето на Светското првенство во САД.
Раководството на лисабонскиот клуб веќе подготвува план за евентуална разделба со Мурињо, при што неговото место на „Луж“ би можел да го заземе поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, кој моментно е слободен агент.
Жозе Мурињо се врати во Португалија во септември 2025 година, кога го презеде кормилото на Бенфика. Под негово водство „орлите“ заземаат третото место на табелата по 21 одигран натпревар.
И покрај обврските кон клубот, Мурињо никогаш не ја криеше амбицијата еден ден да го предводи својот национален тим на голем меѓународен турнир, а моментот за тоа изгледа сè поблиску.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













