Connect with us

Мурињо: За Севилја финале во Лига Европа е рутина, но за нас е „несекојдневен“ меч

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, верува дека историјата на Севилја во Лига Европа нема да има никакво влијание на утрешното финале меѓу двата тима. Португалецот, сепак, истакна дека овој натпревар е исклучителен настан за неговиот тим, додека за „андалузијците“ стана веќе рутина.


„Патот до финалето беше долг и многу поразличен од оној на нашите противници, кои на турнирот влегоа од Лигата на шампионите. Одигравме 14 натпревари за да стигнеме тука. Заслуживме да играме во ова финале и доаѓа моментот на одлука. Работевме на тоа последниве два-три дена. Приказната на Севилја? Би рекол дека историјата не игра на овој натпревар, но мојот колега Мендилибар размислува поинаку. Мислат дека се фаворити поради историјата. Го почитуваме тоа, но заслужуваме да бидеме во ова финале. За нив да играат финале во Лига Европа е нешто речиси нормално, но за нас тоа е несекојдневен настан. За навивачите на Севиља ова финале е како натпревар од шпанската лига, но за нас тоа е нешто историско“, изјави Мурињо.

Запрашан за неговата иднина во Рома, Специјалниот одговори:

„Мислам дека ако тоа прашање мора да биде поставено на некој од нас, подобро е да го прашате Мендилибар бидејќи неговиот договор истекува. Зборував со моите двајца капитени и тие ме прашаа нешто слично. Објективно им одговорив. Тие знаат што сакам. Ситуацијата е поинаква од онаа во Интер, бидејќи тогаш можеби немаше да потпишам со Реал Мадрид, но сѐ беше разјаснето. Сега нема ништо такво. Немам контакт со други клубови. Размислувам за утре и како да го одиграме финалето“.

На крајот, Мурињо одговори и на прашањето дали Пауло Дибала е подготвен да учествува во финалето.

„Ќе може да игра 20-30 минути. Јас би сакал да биде стартер, но тоа едноставно не е можно во моментот“, изјави Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови