Connect with us

Мурињо веднаш би се спакувал и би дошол во Челси, но…

Островските медиуми пишуваат за можно враќање што би можело да ја „стресе“ Премиер – лигата. Жозе Мурињо е подготвен веднаш да се врати на клупата на Челси, сега кога лондонскиот клуб е без менаџер.

По отпуштањето на Енцо Мареска поради лоша серија резултати, Челси повторно бара нов тренер, а името на „Специјалниот“ повторно се појави во оптек. Иако Мурињо неодамна се врати во Бенфика, клубот каде ја започна својата тренерска кариера и кој самиот го опиша како „стара љубов“, извори тврдат дека тој би го напуштил Лисабон без многу размислување доколку дојде повик од „Стемфорд бриџ“.

„Жозе Мурињо сака да се врати на позицијата тренер на Челси и е подготвен веднаш да го преземе тимот доколку клубот го контактира. Челси е неговата вистинска љубов, но се чини дека чувството не е взаемно. Челси сака модерен тренер“, пишуваат англиските медиуми.

Токму во таа последна реченица лежи клучот на дилемата – додека Мурињо јасно покажува емоции и подготвеност да го заврши штотуку започнатиот проект во Бенфика, раководството на Челси наводно разгледува понови и подолгорочни решенија, поради што неговото враќање засега е повеќе носталгија отколку конкретни планови.

Мурињо испиша историја со Челзи во два мандата. Првпат пристигна во 2004 година и, со поддршка на Роман Абрамовиќ, го врати клубот на врвот на англискиот фудбал по 50-годишно чекање, пред да замине во 2007 година. Неговиот втор мандат започна во 2013 година и заврши на крајот од 2015 година. Со „сините“ освои три титули во Премиер – лигата, еден ФА куп, три Лига купа и еден Комјунити Шилд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови