Португалскиот стратег Жозе Мурињо на почетокот од оваа сезона седна на кормилото на Бенфика, откако ги напушти редовите на турскиот Фенербахче. Со лисабонските „орли“ потпиша двегодишен договор.
Како што често се случува каде и да пристигне Мурињо, така и овојпат не поминува без неочекувани потези. Португалецот реши да внесе драма на зимскиот трансфер пазар.
Според медиумите во Португалија, Мурињо стапил во контакт со Пауло Дибала и лично го замолил да се пресели во Бенфика. Аргентинецот е играч на Рома и има договор до летото 2026 година, но Мурињо, кој веќе го тренираше во Рим и високо ја цени неговата игра, не сака да чека. На раководството на Бенфика наводно им порачал уште во јануари да подготват конкретна понуда за Дибала.
Станува збор за трансфер што никој не го очекуваше и кој доаѓа сосема ненадејно. Извори тврдат дека Мурињо веќе разговарал и со 32-годишниот фудбалер, а идејата за преселба во Лисабон му изгледа интересна.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













