Connect with us

Мурињо почна со работа во Реал Мадрид

Жозе Мурињо и официјално ја започна својата нова авантура во Реал Мадрид. Португалскиот стратег уште по пристигнувањето во шпанската престолнина испрати јасна порака до навивачите, објавувајќи фотографија во тренерската опрема на „кралскиот клуб“ со краткиот коментар: „Ајде!“.

Мурињо денеска слета во Мадрид, по што веднаш се упати кон тренинг-центарот во Валдебебас. До почетокот на подготовките ќе работи на организацијата и планирањето на претсезонскиот период, кој официјално стартува во понеделник, 13 јули, кога ќе го има и првиот тренинг со фудбалерите што му се на располагање.

На почетокот од подготовките Реал нема да може да смета на репрезентативците кои настапуваат на Светското првенство и тие ќе му се приклучат на тимот по завршувањето на своите репрезентативни обврски.

Во првите денови од подготовките на располагање на Мурињо ќе бидат Лунин, Трент, Асенсио, Карерас, Хојсен, Камавинга, Гонзало и Мастантуоно. Во меѓувреме, Едер Милитао, Ферлан Менди и Родриго продолжуваат со рехабилитацијата по сериозните повреди што ги заработија кон крајот на минатата сезона.

Иако веќе започнува со работа, официјалната промоција на Мурињо како нов тренер на Реал Мадрид ќе биде организирана по завршувањето на Светското првенство, кога клубот ќе го претстави пред јавноста и медиумите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови