Connect with us

Мурињо го сака Душан Влаховиќ во нападот на Реал Мадрид

Во Реал Мадрид започна нова ера по две разочарувачки сезони без освоен трофеј. Раководството на клубот се реши за темелни промени, а на клупата е поставен Жозе Мурињо, кој веќе доби сериозна поддршка на трансфер-пазарот.

„Кралевите“ досега ангажираа четири засилувања. Одбранбената линија ќе добие целосно нов лик со доаѓањето на Дензел Дамфрис, Марк Кукуреља и Ибрахима Конате, додека средниот ред е освежен со маестралниот Бернардо Силва.

Сепак, мадридскиот гигант не планира да застане тука. Следна цел е доведување на класичен напаѓач кој ќе ја предводи офанзивата во новата сезона.

Според шпанските медиуми, прва желба на Мурињо е Душан Влаховиќ. Српскиот голгетер има предност бидејќи е слободен агент и би пристигнал без обештетување. Како алтернатива се споменува напаѓачот на Њукасл и германската репрезентација, Ник Волтемаде.

Финансискиот аспект, сепак, оди во прилог на Влаховиќ. За Волтемаде би биле потребни повеќе од 50 милиони евра, сума што Реал не е подготвен да ја издвои за фудбалер кој сè уште не се смета за една од најголемите светски ѕвезди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови