Connect with us

Мурињо го пикираше стрелецот на првиот гол за Германија на Мундијалот

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, е импресиониран од настапите на германскиот репрезентативец Феликс Нмеча од Борусија Дортмунд. Според „Скај Спорт Германија“, португалскиот стратег веќе побарал детални информации за статусот на 25-годишниот играч.

Во трката за потписот на Нмеча, конкуренција на „кралскиот клуб“ би можеле да му бидат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Се нагласува дека евентуалниот трансфер би бил многу скап, но во договорот на фудбалерот постои откупна клаузула во вредност од 70 милиони евра, која може да биде активирана во 2027 година.

Актуелниот договор на Нмеча со клубот од „Сигнал Идуна Парк“ е со важност до летото 2030 година.

Феликс Нмеча беше стрелец на првиот гол за Германија на ова Светско првенство, во убедливиот триумф над Курасао од 7-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови