Connect with us

Мурињо е „закон“: Тренинг во 3 наутро после дебаклот од Бодо

Рома доживеа голем срам на гостувањето во Норвешка откако загуби со 6-1 од Бодо Глимт во Конференциската лига на УЕФА. Тоа е највисокиот пораз на Жозе Мурињо во кариерата. Португалецот реши веднаш да им го дотера умот на фудбалерите кои речиси и да не се залагаа на натпреварот против Бодо.

Нареди да истрчаат на тренинг веднаш по враќањето, во 3 часот наутро. Фудбалерите добија сериозна „порција“ трчање за да го надоместат тоа што всушност требале да го истрчаат на мечот против Бодо. Италијанските медиуми откриваат дека Мурињо бил многу бесен, а фудбалерите на „волчицата“ добиле жесток тренинг и трчале речиси до 5 часот наутро.

Рома утре на „Олимпико“ го пречекува лидерот Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови