
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, беше многу разочаран по поразот од Џенова со 4-1. Тој навистина не сакаше да разговара со новинарите, но сепак мораше да даде одговор на многу прашања. Според него, главната причина за слабите резултати на тимот од почетокот на сезоната е недоволната цврстина во одбраната.
Тој изјави дека во моментов секој удар кон голот на неговиот тим се претвора во гол.
„Извинете, но јас навистина не сакам да зборувам. Не разговарав со играчите, а кога не разговарам со нив, тоа значи дека не можам да разговарам за играта со вас во длабочина и да одговорам вашите прашања“, започна Мурињо.
„Лошо го започнавме натпреварот, тоа е вистина. Примивме грд гол, сличен на оној во Верона. Успеавме да реагираме и да израмниме, но веднаш потоа Љоренте се повреди и тоа го промени нашиот состав. Потоа Манчини доби жолт картон и знаејќи го темпераментот на овој судија, помислив дека е подобро да го заменам за да не добие и тој црвен. Ова уште повеќе ја промени структурата на тимот. Кога ни го поништија голот, мислев дека ќе израмниме. Џенова застана длабоко во своето поле. Контролиравме сѐ на теренот, но не создававме шанси. Направивме напаѓачки промени, но нивниот трет гол реши сѐ. гола. Четвртиот гол веќе беше надвор од контекстот на натпреварот“, додаде Португалецот.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Долга пауза за дефанзивец на Баер Леверкузен

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Хавиер Тебас останува прв човек на Ла Лига

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
