Connect with us

Мундијалот 2026 е свечено отворен!

Светското првенство во фудбал кое годинава се одржува во САД, Мексико и Канада е свечено отворено. Церемонијата се одржа на легендарниот Стадион Ацтека, кој стана единствениот стадион во светот што трипати бил домаќин на отворањето на најголемиот фудбалски настан. Спектаклот, кој ја спои културната разновидност на трите земји-домаќини, официјално го означи почетокот на фудбалскиот празник.

Ова ќе биде најдолгото Светско првенство во историјата и прво на кое ќе настапат дури 48 репрезентации. Магијата на светскиот фудбал повторно е тука, ветувајќи повеќе од еден месец исполнет со незаборавни натпревари, возбудувања и драма. Финалниот меч, на кој ќе биде крунисан новиот светски шампион, ќе се одигра на 19 јули во Њујорк.

Церемонијата започна 90 минути пред првиот судиски свиреж на воведниот натпревар од турнирот меѓу Мексико и Јужна Африка и траеше околу половина час. Отворањето започна со претставничка на домородното население, која зборуваше за културната разновидност и толеранцијата. Целата церемонија беше инспирирана од традиционалната мексиканска уметност со хартија. Теренот беше исполнет со стотици танчери и локални уметници во традиционални носии, кои го претставија богатото културно наследство на земјата.

Потоа следуваа музички настапи на неколку локални ѕвезди, а кулминацијата ја донесоа Шакира и Бурна Бој, кои беа главните ѕвезди на вечерта. Тие ја воодушевија публиката со првата изведба во живо на офијалната химна на турнирот „Dai Dai“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови