ФК Скопје остана без тренер по серијата без победа на стартот од сезоната. Муарем Муарем денеска поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на тимот од Автокоманда, по последниот пораз од Брегалница.
Муарем пристигна во Скопје на почетокот на сезоната, но не успеа да донесе резултати. Во првите осум натпревари екипата забележа три нерешени средби и пет порази, со само три постигнати и дури 12 примени голови.
„Сакам да изразам благодарност до управата на Скопје за довербата и да им посакам многу успех во иднина“, порача Муарем преку социјалните мрежи.
Управата на Скопје сега ќе мора да најде ново решение за клупата, а според последните информации, најсериозна опција е искусниот Љупчо Марковски-Калц, кој во моментов е без ангажман.
Доколку се реализира враќањето на Марковски, тој повторно би седнал на клупата на тимот од Автокоманда во обид да го стабилизира Скопје и да ја прекине серијата без победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













