Connect with us

Муарем Муарем се враќа на клупата на Башкими

Муарем Муарем експресно се враќа на тренерската сцена и повторно ќе биде предводник на Башкими од Куманово.

По неодамнешната разделба со Скопје, поранешниот македонски репрезентативец постигна договор со раководството на кумановскиот клуб за враќање на тренерската позиција. Муарем веќе денеска треба да ја преземе екипата и да го одржи првиот тренинг по неговото враќање.

Тој повторно ќе седне на клупата на Башкими на местото на Шабан Сулејман.

За Муарем ова е враќање во добро позната средина, каде што повторно ќе има задача да го стабилизира тимот и да донесе подобри резултати во продолжението од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови