Македонскиот прволигаш Работнички го именуваше Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе го предводи тимот од Дебар Маало во вториот дел од сезоната и ќе има тешка задача да го извлече од зоната за испаѓање.
По есенската полуетапа Работнички освои само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција, со сериозни грижи околу опстанокот.

Муарем Муарем ја почна сезоната како тренер на Башкими и бележеше релативно успешни резултати, а потоа дојде до разделба со клубот од Куманово. Тој е поренешен фудбалер на Работнички кој имаше и интернационална кариера, а го предводеше и Гостивар.
За Работнички ова е четврти стратег оваа сезона. Шампионатот го почна Бојан Маркоски, а потоа продефилираа и Алпарслан Ердем и Ален Тупајиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













