Connect with us

Муамед Сејдини имаше средба со Џани Инфантино во Тирана: Поддршката од ФИФА е секогаш добредојдена

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, е гостин на ребрандирањето на Куќата на фудбалот во Албанија, каде имаше средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.


„Поддршка од ФИФА е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ. Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Г. Инфантино ни вети дека поддршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец“, истакнува Сејдини.

Тој имаше срдечна средба и со првиот потпретседател на германската фудбалска федерација, претседател на надзорниот одбор на германската Бундес – лига и главен извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.

„Средбите од ваков тип со еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот се секогаш добра можност за размена на искуства и идеи за развој на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови