Милан е сериозно заинтересиран за Никола Тресолди, напаѓачот на Бриж кој привлече големо внимание со одличните настапи во белгиското првенство, а особено со импресивното издание против Интер.
Поранешниот фудбалер на Хановер се наметна како најдобар стрелец во лигата, па неговите игри го привлекоа вниманието на „росонерите“. Милан во следниот период внимателно ќе го следи 21-годишниот напаѓач и ќе се обиде да го доведе во своите редови во зимскиот или летниот преоден рок.
Според „Газета дело Спорт“, италијанскиот гигант ќе се обиде да ги искористи и емоциите што Тресолди ги има кон клубот од „Сан Сиро“.
Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде едноставна. Рома уште во летниот преоден рок покажа сериозен интерес за напаѓачот, но Бриж ја одби понудата вредна 35 милиони евра.
Тресолди се наоѓа во одлична голгетерска форма. Во изминатите два месеца двапати постигна хет-трик – еднаш против Интер во дресот на Бриж, а потоа и за младата репрезентација на Германија во убедливиот настап против Малта.
Дополнителна вредност на младиот напаѓач му дава и можноста во иднина да настапува за Италија или Германија. Според италијанските медиуми, неговата пазарна вредност во меѓувреме достигнала дури 50 милиони евра.
На Милан дополнително му ја отежнува работата и силната конкуренција. Тресолди веќе е на радарот на Арсенал и Барселона, а се шпекулира дека и Интер би можел да се вклучи во трката за неговиот потпис.
Така, Милан ќе мора да реагира навреме доколку сака да го добие потписот на еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













