Некогашниот француски фудбалски гигант Бордо се наоѓа на работ на исфрлање од националните лиги и се обидува да избегне судска ликвидација. Претседателот на клубот, Жерар Лопез, ги понуди своите акции на продажба за симболично едно евро, со надеж дека ќе привлече инвеститори и ќе го спаси клубот од најцрното сценарио.
Во процесот за спас повторно се вклучи британскиот инвестициски фонд „Спарта“. Овој фонд претходно се повлече од преговорите бидејќи ниту тој, ниту клубот не успеаја да обезбедат 10 милиони евра за покривање на долговите од минатата финансиска година. Сега, понудата на Лопез за продажба на акциите за едно евро повторно им отвора можност да го преземат управувањето со Бордо.
Во моментов судот го разгледува финансискиот план и кандидатурата на инвестицискиот фонд. Најважното прашање е дали „Спарта“ располага со доволно финансиски капацитет за долгорочно функционирање на клубот, а не само за покривање на трошоците за следната сезона.
Планот за продолжување на работата, кој е клучен услов за поднесување жалба и останување во националните натпреварувања, предвидува инвестиции меѓу 27 и 59 милиони евра до 2035 година, во зависност од идните спортски резултати на клубот.
На Бордо му останува многу малку време за да ја реши кризата. Од судската одлука ќе зависи дали клубот ќе избегне ликвидација или ќе биде принуден да започне нов почеток од шестата регионална лига на Франција.
Падот на некогашниот француски великан започна со испаѓањето од Лига 1 по сезоната 2021/22. Потоа Бордо помина две сезони во Лига 2, по што беше исфрлен во четвртиот ранг на францускиот фудбал, каде што настапуваше во последните две сезони.
Бордо е еден од најтрофејните клубови во Франција со шест шампионски титули, освоени во 1950, 1984, 1985, 1987, 1999 и 2009 година. Покрај тоа, клубот четири пати го освојувал Купот на Франција, трипати Лига купот и двапати Суперкупот на Франција.
Денес, славниот клуб е далеку од своите најуспешни денови и се бори за гол опстанок.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













