Европа зема здив пред еден од најочекуваните реванши во Лигата на шампионите во последните години. По спектакуларниот прв дуел во Париз, кој заврши 5-4 во корист на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен сега се наоѓа пред голем предизвик, но со јасна свест дека негатива од еден гол е апсолутно достижна.
Баварците покажаа огромен карактер во првиот натпревар, враќајќи се од 2-5 до минимален пораз, што му дава оптимизам на тренерот Венсан Компани пред решавачкиот дуел на „Алијанц Арена“. Наградата за победникот е билет за финалето на најелитното клупско натпреварување.
Арсенал е веќе во финалето и го очекува победникот од вечерашната мега-пресметка на „Алијанц Арена“.
Очекувањата се Баерн Минхен да излезе со офанзивен пристап и формација 4-2-3-1, со клучна улога за Џошуа Кимих во средниот ред, кој ќе ја диктира играта и ќе го храни нападот предводен од Хари Кејн.
Од другата страна, Луис Енрике ќе се потпре на систем 4-1-2-3, со брзи транзиции и опасни контранапади. ПСЖ ќе бара простор зад одбраната преку Хвича Кварацкелија и Осман Дембеле.
Посебно внимание ќе биде насочено кон Хари Кејн, кој има одлична сезона во Лигата на шампионите со 13 погодоци, додека Кварацкелија пристигнува во одлична форма со двоцифрен број голови и значителен број асистенции.
Сè укажува на тактички и емоционално интензивен натпревар, во кој мали детали би можеле да ја одлучат судбината на двата европски гиганти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













