Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, се обиде да го објасни поразот од Австралија со 0-2 во првото коло од Светското првенство, истакнувајќи дека неговиот тим создал доволно шанси, но не успеал да ги реализира.
„Имавме удари кон голот, но фудбалот е таков. Кога топката не сака да влезе во мрежата, работите не одат како што посакувате. Упативме 30 удари и сè уште имаме време да се поправиме. Ќе направиме сè што е во наша моќ“, изјави италијанскиот стратег.
Монтела нагласи дека натпреварот се развивал токму онака како што очекувале во турскиот табор.
„Од тактички аспект, дуелот не се одвиваше надвор од нашите очекувања. Знаевме дека ќе играме против селекција која ќе се повлече и ќе се брани. Да ги искористевме шансите што ги создадовме, исходот можеше да биде поинаков. Примивме два гола по двa контранапади. Играчите го оставија срцето на теренот и ако продолжиме со ваков пристап, резултатите ќе дојдат“, порача селекторот на Турција.
Тој додаде дека е свесен дека поразите секогаш носат критики.
„Кога губиш, мора да ги прифатиш сите критики, дури и кога сметаш дека не се целосно оправдани. Го почитувам секое мислење.“
На крајот, Монтела им се извини на навивачите и вети подобро издание во следниот натпревар.
„Многу ни е жал поради резултатот, но ќе се потрудиме во следниот меч да се претставиме многу подобро“, истакна Монтела.
По првото коло во групата Д, Австралија и САД имаат по три бода, додека Турција и Парагвај се без бодови.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













