Connect with us

Момчето од Арсенал кое блеска во францускиот шампионат

Напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, кој игра како позајмен во Реимс, моментно е најдобар стрелец во француската Лига 1 со 14 постигнати голови во досегашниот дел од шампионатот.


Момчето родено во Њујорк во 2001 година ги остави зад себе ѕвездите на Пари Сен Жермен и светскиот фудбал, Мбапе, Меси и Нејмар, а неговите „овни“ играат феноменално под водство на младиот тренер Вилијам Стил кој има само 30 години.

Балогун синоќа уште еднаш блесна, постигнувајќи хет-трик во победата на Реимс над Лориен од 4-2. Ова беше 13. натпревар по ред за Реимс во Лига 1 без пораз. Претходно, Балогун го шокираше и ПСЖ на „Паркот на принцовите“.

Следната сезона Балогун ќе се врати во Арсенал, каде што израсна, но досега одигра само два натпревари за првиот тим на „топчиите”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови