Еден од носителите на играта на Реал Мадрид, Лука Модриќ, не е задоволен од тоа што му го понудил „кралскиот клуб“ за продолжување на соработката и сигурно нема да прифати дополнително намалување на платата за да добие нов договор.
Договорот на неуморниот Модриќ истекува на 30 јуни, а веќе беше познато дека Реал ќе му понуди продолжување на уште една година, но за разлика од минатото лето, овојпат нема да прифати помала плата од сегашната.
Модриќ се согласил на 10% намалување на платата ова лето поради финансиската криза на „Сантијаго Бернабеу“ поради пандемијата, но сега не сака пак да го направи тоа.
Хрватот моментално заработува 11,2 милиони евра годишно во Реал Мадрид и нема намера да оди под оваа сума и наредната сезона.
Модриќ е член на Реал Мадрид од летото 2012 година кога Жозе Мурињо го донесе од Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













