Капитенот на хрватската репрезентација и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, синоќа го одигра својот последен натпревар за „кралскиот клуб“ во дуелот против ПСЖ (0-4).
Во текот на своите 13 сезони во дресот на Реал, Модриќ освои сѐ што можеше да се освои и со вкупно 28 трофеи стана најтрофејниот играч во историјата на славниот клуб.
Срцата на навивачите ги освои не само со својата игра, туку и со однесувањето – стана симбол на клубот благодарение на својата фудбалска интелигенција, техника, визија и врвни квалитети.
DON'T TALK TO ME 😭💔pic.twitter.com/fIuGFuM4ht
— Ele 💔 (@EleModric) July 9, 2025
Хрватот со Реал освои дури шест титули во Лигата на шампионите, четири титули во шпанското првенство, два Копа дел Реј трофеи, пет трофеи од шпанскиот Суперкуп, пет европски Суперкупа, пет Светски клупски првенства и еден Интерконтинентален куп.
Во дресот на Реал Мадрид запиша вкупно 597 настапи, постигна 43 голови и забележа 95 асистенции.
Интересен податок е дека е највозрасниот фудбалер што некогаш настапил за Реал, највозрасниот што постигнал гол и највозрасниот што асистирал за мадридскиот клуб.
Според информациите, Модриќ наскоро треба да потпише договор со италијанскиот гигант Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













