Милан продолжува да го следи лидерот Интер, откако на гостувањето кај Пиза стигна до важна победа од 1-2 во новото коло од Серија А.
„Росонерите“ уште еднаш покажаа дека знаат како да ги освојуваат бодовите и кога не блескаат. Тимот славеше со минимална разлика – сценарио што стана заштитен знак оваа сезона, бидејќи најголем дел од победите се изборени со еден гол предност.
Гостите поведоа во 39. минута преку Рубен Лофтус-Чик, кој ја круниса иницијативата на својот тим. Милан имаше можност да ја зголеми предноста на стартот од вториот дел, но ВАР поништи погодок поради игра со рака, а потоа Никлас Фулкруг не успеа да реализира удар од белата точка.
Пиза ја искористи таа шанса и во 71. минута преку Лојола израмни на 1-1, враќајќи ја неизвесноста во мечот.
Secondo gol in Serie A di Modric: il Milan torna avanti
— Guido Olivares🇮🇹 (@Guidolino8) February 13, 2026
pic.twitter.com/nS78e5W3nu
Сепак, искуството на Лука Модриќ пресуди – во 85. минута Хрватот со мајсторски потег го донесе триумфот за миланскиот состав.
Со новите три бода, Милан останува втор на табелата со 53 бодa, додека Пиза останува закована на дното и ја очекува неизвесна борба за опстанок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













