Connect with us

Младите фудбалери до 21 година ќе се обидат да ѝ парираат на Италија во Емполи

Покрај возбудувањата од сениорскиот дуел меѓу Данска и Македонија, љубителите на фудбалот денеска го очекуваат и резултатот на младата репрезентација до 21 година, која од 18:15 часот ѝ гостува на Италија во Емполи.

Станува збор за натпревар од седмото коло во квалификациите за Европското младинско првенство, во кој Македонија веќе ги загуби шансите за пласман, додека домаќинот е во жестока трка за првата позиција и директен билет на континенталниот турнир.

Во првиот меѓусебен дуел, одигран во Битола, нашата селекција беше поразена со минимални 0-1, а сега ќе се обиде да пружи силен отпор на гостински терен.

Иако Италија влегува како изразен фаворит, избраниците на Станиќ ќе се обидат да приредат изненадување и да ги нарушат плановите на противникот.

По шест одиграни натпревари, Македонија има скромен ефект од една победа и пет порази, додека Италија бележи импресивен биланс со пет триумфи и само еден неуспех.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови