Македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Младеновски доби големо признание за настапите во хрватскиот шампионат. Угледниот весник „Спортске новости“ направи анализа на досегашниот дел од сезоната во ХНЛ, а дефанзивецот на Вараждин се најде меѓу најдобрите поединци.
Младеновски е најдобро оценетиот стопер во досегашниот тек од хрватското првенство, со просечна оценка од 6,56. Македонскиот репрезентативец е дел од изборот на таканаречените „летни јунаци“, благодарение на стабилните настапи во одбраната на Вараждин.
Одличните партии му донесоа место и во идеалниот тим на досегашниот дел од сезоната. Младеновски настапи на сите осум натпревари на својот тим во ХНЛ, потврдувајќи ја важноста што ја има во дефанзивната линија.
Во анализата на „Спортске новости“ се споменува и уште еден македонски фудбалер кој остава добар впечаток во Хрватска. Напаѓачот Илија Несторовски, член на Славен Белупо, исто така е меѓу играчите што ја одбележаа досегашната сезона, но не влезе во идеалниот тим поради критериумите за избор.
За Младеновски, ова признание претставува потврда за добрата форма во дресот на Вараждин, но и позитивен сигнал за македонската репрезентација, во која дефанзивецот повторно се врати во конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спалети: Јувентус лесно ја губи самодовербата
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













