Connect with us

Младата ѕвезда ги шокираше сите во Баерн: „Мојот клуб од соништата е Реал Мадрид“

Младиот талент на Баерн Минхен, Ленарт Карл, предизвика голем шок кај навивачите на германскиот гигант откако откри дека неговата голема желба е да заигра за Реал Мадрид.

Во рамки на забавен настан на фан-клубот на Баерн, каде беа присутни и други играчи од тимот, Карл одговори на прашањето кој е неговиот клуб од соништата. Неговата изјава веднаш привлече внимание, особено поради начинот на кој го опиша својот омилен клуб.

„Баерн е огромен клуб и е сон да играм тука. Но, еден ден, сигурно сакам да заиграм за Реал Мадрид. Тоа е мојот клуб од соништата“, рече Карл со насмевка.

Интересно е што Карл веќе има историја со „кралевите“ – во 2008 година, кога имал само десет години, бил на проба во Реал. Како еден од најталентираните играчи во неговата категорија, тој поминал неколку чекори во развојот пред да добие покана за неколкудневна проба, но на крајот не бил ангажиран.

Оваа сезона, Карл Ленарт доби шанса во првиот тим на Баерн и покажа дека вреди – со шест гола и две асистенции на 22 натпревари. Со договор со клубот до 2028 година, не е невозможно Карл еден ден да го оствари својот сон и да заигра за Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови