Connect with us

Млад фудбалер на Мец е меѓу повредените во страшниот пожар во Кран-Монтана

Младиот фудбалер на Мец, Тахирис Дос Сантос (19), е меѓу настраданите во тешкиот инцидент што се случи во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. За време на новогодишната ноќ таму избувна експлозија и пожар, при што животот го загубија над 40 лица, а најмалку 100 беа повредени.

Дос Сантос се здобил со тешки изгореници и бил итно пренесен со хеликоптер во клиника во Германија, каде што моментално добива медицинска нега. Тој настапува на позицијата лев бек и есенва беше дел од „Б“ тимот на Мец, кој се натпреварува во третото ниво од францускиот фудбал.

Се претпоставува дека пожарот во локалот бил предизвикан од огномет запален од млади лица. Стотици туристи, главно љубители на зимските спортови, ја славеле Новата година, но прославата се претворила во голема трагедија за оние што решиле да се забавуваат во барот „Le Constellation“. Капацитетот на локалот е до 300 лица, со дополнителни 40 места на мала тераса, а барот располага и со подрум. Во моментот на инцидентот, внатре имало најмалку 200 луѓе.

Експлозијата, која се слушнала околу 01:30 часот по локално време, се случила половина час пред затворањето на барот. Според првичните информации од местото на настанот, таа била предизвикана од огномет поставен во шишиња шампањ, кои келнерите ги донеле за дочекот на 2026 година.

Пламените јазици брзо го зафатиле таванот, кој се запалил, а огнот се проширил низ целиот објект за само неколку десетици секунди. Бидејќи барот немал противпожарни излези, сите присутни се упатиле кон единствениот излез, но по скалите што воделе кон приземјето имало скршени шишиња, што дополнително ја отежнало евакуацијата.

Во официјално соопштение, ФК Мец потврди дека еден од фудбалерите од нивната академија, Тахирис Дос Сантос, е меѓу повредените во пожарот. Клубот, кој моментно се наоѓа на последното место во Лига 1, соопшти:
„Раководството, играчите, тренерите и сите вработени во клубот се во шок и ги упатуваат своите мисли кон Тахирис во овие тешки моменти, додека тој се бори на болничкиот кревет.“

Според весникот „Л’Екип“, младиот фудбалер поминувал неколку дена на одмор во планината со пријатели, престојувајќи во една од нивните планински куќи. Тој требало да им се приклучи на тренинзите повторно во понеделник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови