Connect with us

Митровиќ: Очекувавме повеќе од овој Мундијал

Српските фудбалери доживеаја елиминација во групната фаза на Мундијалот по поразот од Швајцарија (2-3). Стрелец на израмнувачкиот гол во 26. минута беше Александар Митровиќ, кој зборуваше за селекторот и за разочарувањето по неуспехот.


„Не верувам дека селекторот Драган Стојковиќ ќе го плати цехот. Нема причина за радикални одлуки или какви било промени. Селекторот создаде група, тим, добро не води и сето тоа се причини за да остане. Секако, со максимална поддршка од нацијата и од целата репрезентација“, вели Александар Митровиќ.


Тој е разочаран поради елиминацијата во првата фаза од Мундијалот.


„Имавме тежок натпревар зад нас, исто толку тежок ден за нашиот тим и за нашиот народ. Очекувавме повеќе, ова е еден од најтешките порази во мојата кариера. Не знам што да кажам. Се чувствувам празно, сега треба посериозно да ги анализираме причините за неуспехот“, изјави стрелецот на два гола на овој Мундијал.


Тој се обиде да ги лоцира и причините за поразот.


„Во вториот дел моравме да одиграме многу подобро. Физички имавме доволно енергија, но направивме многу грешки кои не се дозволени за оваа фаза од натпреварувањето. Не би се согласил дека бевме под квалификациското ниво, но Светското првенство бара многу повеќе. Таму се кријат некои од причините, ни останува посериозна анализа. Сега е тешко да се зборува“, изјави Митровиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови