По завршувањето на првенството во Првата лига и вчерашниот последен натпревар против Беса (1-4), претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, одлучи да си поднесе оставка од најголемата позиција во клубот.
„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.

Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, рече претседателот Митко Стојковски.
Стојковски беше на чело на Пелистер две и пол години, тој го презеде клубот во Втора лига, па целта која ја зацрта беше Пелистер да се врати во Прва лига, да биде стабилен прволигаш, и секако да се исчистат долговите од предходниците, цели кој тој како претседател на клубот ги исполна и го остава клубот чист, и стабилен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













