Поразот од Брегалница во последните секунди од натпреварот донесе разочарување во редовите на Арсими, но тимот веќе е фокусиран на следниот предизвик – гостувањето кај Башкими во Куманово.
Фудбалерот на Арсими, Муарем Мислими, не го криеше разочарувањето од несреќниот пораз, но истакна дека екипата мора да извлече поуки и да продолжи со уште поголема посветеност.
„Секако дека сме разочарани како екипа, бидејќи кога ќе примиш гол и ќе загубиш во последните секунди, тоа е многу тешко да се прифати. Сепак, фудбалот е таков и мора да извлечеме поуки од овој натпревар. Ќе работиме максимално, ќе се подготвиме што е можно подобро и ќе се вратиме посилни во следните натпревари.
Сега сме целосно фокусирани на следниот дуел против Башкими во Куманово. Знаеме дека нe очекува тежок натпревар, но нашите амбиции се јасни, да го дадеме максимумот на теренот и да се вратиме со позитивен резултат. Верувам во овој тим и убеден сум дека со работа и посветеност ќе успееме да ги оствариме нашите цели“, изјави Мислими.
Арсими ќе има можност за брза реакција на гостувањето во Куманово, каде што ќе се обиде да го остави зад себе поразот од Брегалница и да се врати на позитивните резултати. Натпреварот Башкими – Арсими ќе се одигра денес со почеток од 14 часот на стадионот во Куманово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?
Евро-фудбал
Лорис Кариус од следната сезона во Баерн Минхен?













