Бојан Миовски го избра вистинскиот момент за својот прв гол во новата сезона. Македонскиот репрезентативец влезе од клупата во финишот, но му беа потребни само неколку минути за да го реши натпреварот против Сент Мирен.
Во моментите кога се играше завршницата, Миовски доби одлична топка во простор, побегна од одбраната и излезе очи в очи со голманот на гостите.
Следуваше потег кој најдобро ја покажува неговата голгетерска смиреност. Наместо силен удар, напаѓачот на Ренџерс се одлучи за прекрасен лоб и со голема прецизност ја испрати топката во мрежата.
🚨 Bojan Miovski chip goal at death time
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 9, 2026
🏴 Rangers 1-0 St Mirrenpic.twitter.com/1PRZJ4d6Au
„Ајброкс“ експлодираше од радост, Ренџерс победи со 1-0, а Миовски стана човекот на одлуката.
За штипјанецот ова е првенец во актуелната сезона и погодок кој доаѓа по турбулентниот период во кој неговото име беше во центарот на вниманието поради можноста за трансфер.
Миовски беше многу блиску до заминување од Ренџерс во самиот финиш на преодниот рок, но остана во Глазгов. Сега, на најдобар можен начин, покажа дека и понатаму има што да понуди во дресот на шкотскиот гигант.
Влезе во игра во финишот – и го реши натпреварот. Токму така се враќа самодовербата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













