Џирона, тимот за кој настапува нашиот Бојан Миовски, и петти натпревар во низа не успеа да слави во шпанската Ла Лига. Во дуелот одигран вечерва во Барселона, Џирона се спаси од пораз во каталонското дерби против Еспањол играјќи 1-1. Гостите се спасија со гол од пенал непосредно пред истекот на регуларните 90 минути.
Миовски повторно беше стартер во нападот, но освен неколку полушанси, не се најде во зрела ситуација за погодок. Тој беше заменет во 69. минута од искусниот Стуани, кој подоцна го постигна израмнувачкиот гол за гостите од белата точка.
Еспањол поведе во 49. минута преку Хофре, додека Џирона израмни во 86. минута преку Стуани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













