Connect with us

Миовски и соиграчите се радуваа во дербито против Селтик (ВИДЕО)

Во дербито на Глазгов, Ренџерс извојува голема победа над Селтик со 3-1, иако по првите 45 минути заостануваше со минимални 1-0. Натпреварот, кој се одигра во рамките на 21. коло од шкотскиот Премиершип, понуди возбудлив фудбал и целосен пресврт во второто полувреме.

Селтик прв дојде до водство преку Хјун Јун Јанд, но продолжението целосно му припадна на Ренџерс. Португалецот Шермити беше незапирлив и со два погодоци ја сврте средбата во корист на „полицајците“, а конечниот резултат го постави Мајки Мур со прецизен удар во 71. минута.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски натпреварот го следеше од клупата и доби можност да влезе во игра дури во судиското продолжение, кога по само неколку секунди доби жолт картон.

Оваа победа му овозможи на Ренџерс да се израмни со Селтик на табелата со по 38 бодови и да остане во чекор со лидерот Хартс, кој има три поени повеќе. Борбата за шампионската титула во Шкотска сè повеќе добива на интензитет и најавува возбудлив финиш на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови